Friday, December 1, 2023

БЕЗБЕДНОСТ во домот





Електричната исправност е еден од најважните делови на домот.

Струјата ни го олеснува секојдневниот живот и често ја земаме здраво за готово.  Исто така, често забораваме на опасностите кои можат да бидат поврзани со струјата, бидејќи невниманието може да предизвика пожар или струен удар.

 

Веројатно уште од мали нозе сте предупредени за опасностите од електричната енергија.

 

Веќе сигурно знаете дека струјата и водата не одат заедно, не смеете да допирате прекинувачи и слично.

 

Електричарите го наведуваат следново, како клучни проблеми поврзани со електричната енергија во куќата: абење на уреди, првенствено на каблите, продолжните кабли ( чија моќност зависи од дебелината на кабелот и она што е приклучено на него), каблите на разни апарати за домаќинство, како и нестручни интервенции на постоечки електрични уреди, нестручно надградени електрични инсталации (преоптоварување на постоечкиот осигурач).

 

Во зима, употребата на дополнителни грејни елементи може да доведе до преоптоварување на продолжните кабли и инсталации.

 

Проверете дали во вашата станска табла постои вградена заштитна ФИД склопка. Нејзината задача е да го искучи доводот на струја во случај на некаков дефект со струјата, или пак со електричните апарати во домот.

 

Ракувањето со електрична енергија е опасно по живот. Затоа исклучете го напојувањето преку осигурачот во станската табла и почекајте го струлниот електричар.

 

No comments:

Post a Comment