Friday, December 1, 2023

 

Што треба да знаете при избор на столна ламба за Вашето дете





 При завршувањето на домашните задачи за на училиште, детето често пати повеќе часови е седнато на работната маса, и понекогаш е потребно при тоа да користи и столна ламба. 


При отсуство на дневна светлина, обемот и типот на светлина е многу важна, за детето да не ги напрега очите. Еве неколку совети околу тоа, каков тип на ламба да одберете за Вашето дете:


Мерење на светлината во Лумени и Луксови. 



Повеќето од нас кога е прашање светлина и светилка, мерна единица која ја познаваме е Ват. Меѓутоа, моќноста (Ват) покажува колку енергија се троши, а не колку светлина е обезбедено. За да се одреди осветленоста, Луменот, кој ја мери вкупната количина на светлина емитирана од извор на светлина, е единицата на која треба да внимавате. 


Но само знаењето колку светлина дава светилката, е малку релеватен фактор во реалниот живот. Секако треба да се земе во предвид и околината во која се користи таа светилка.


Замислете сега една ваква ситуација: Вашето дете чита под столната ламба, и запишува белешки на ливче кое го остава подалеку од снопот светлина. Иако самата светлина има одличен број Лумени, сепак на крајот на ламбата е значително потемно. Колку е поголема површината на која се шири светлината, толку е послабо осветлувањето.


За да го пресметате интензитетот на светлината за даден простор, треба да го поделите бројот на Лумени, со работната површина - како што е горниот дел на масата - во квадратни метри (Лукс = Лумен / m2). 


Резултирачката бројка се мери во Лукс, единица која дава поцелосна слика кога станува збор за избор на ламби за учење за деца. Според некои електро инженери, минималниот интензитет на светлина потребен за светло за задачи во детската спална соба е 800 Лукс-а. 


Професионалните електричари имаат мерни инструменти со кои ги мерат Луксите. Но во домашни услови, и во ова модерно време, полесен начин да се измери луксот на столната светилка е да се користи апликацијата за мерач на светлина на вашиот мобилен телефон. Едноставно поставете го телефонот со вклучена апликација на осветлената област и бројот на Лукси магично се појавува !


Намалување на сјајот



Иако силната светлинае добра за читање и извршување на домашните задачи, проверете да не е светлината премногу директна или силно да се рефлектира од работните материјали, или од работната површина. Кога има така силно насочена светлина, доаѓа до отсјај, кој може до доведе до напрегање на очите на Ва[ето дете, што потоа може да резултира со главоболка и гадење. 

Ламбите за учење кои имаат вртливи карактеристики или ротирачки нијанси, ви овозможуваат лесно да ја поставите светлината под агол за да не свети директно во очите на малите или да не отскокнува од рефлектирачките површини. Ако имате поголем буџет, можете да изберете и светилка за проучување што доаѓа со функција против отсјај.


БЕЗБЕДНОСТ во домот





Електричната исправност е еден од најважните делови на домот.

Струјата ни го олеснува секојдневниот живот и често ја земаме здраво за готово.  Исто така, често забораваме на опасностите кои можат да бидат поврзани со струјата, бидејќи невниманието може да предизвика пожар или струен удар.

 

Веројатно уште од мали нозе сте предупредени за опасностите од електричната енергија.

 

Веќе сигурно знаете дека струјата и водата не одат заедно, не смеете да допирате прекинувачи и слично.

 

Електричарите го наведуваат следново, како клучни проблеми поврзани со електричната енергија во куќата: абење на уреди, првенствено на каблите, продолжните кабли ( чија моќност зависи од дебелината на кабелот и она што е приклучено на него), каблите на разни апарати за домаќинство, како и нестручни интервенции на постоечки електрични уреди, нестручно надградени електрични инсталации (преоптоварување на постоечкиот осигурач).

 

Во зима, употребата на дополнителни грејни елементи може да доведе до преоптоварување на продолжните кабли и инсталации.

 

Проверете дали во вашата станска табла постои вградена заштитна ФИД склопка. Нејзината задача е да го искучи доводот на струја во случај на некаков дефект со струјата, или пак со електричните апарати во домот.

 

Ракувањето со електрична енергија е опасно по живот. Затоа исклучете го напојувањето преку осигурачот во станската табла и почекајте го струлниот електричар.

 

Thursday, September 24, 2015

Рефлектори и сензори

Од областа на рефлектори и сензори на движење, ги препорачуваме производите на Commel од Загреб. 



307-130 ЛЕД рефлектор со сензор


  • 30W
  • IP44
  • 3000Lm
  • 6500K
  • 50000h
  • 2 години гаранција
 

 ЛЕД рефлектор
  • 10W
  • IP65
  • 1000Lm
  • 6500K
  • 50000h
  • 2 години гаранција
 
 
 
Инфрацрвен детектор на движење

  • опфаќа подрачје од 360° 
  • Боја: бел
  • Досег: 24м
  • 230V



Инфрацрвен детектор на движење

  • опфаќа подрачје од 180° 
  • Боја: бел
  • Досег: 12м
  • 230V


Tuesday, September 22, 2015

Модуларна галантерија

 


Како бренд на групацијата на Legrand, bticino, ја издвојуваме модуларната галантерија Matix.



 Тоа е модерна серија на електрогалантерија, која совршено се вклопува  во секој тип на ентериер. Сите рамки се со дебелина од само 6мм.

 


 

Современ дизајн
 -модерен
-елегантен
-за секој ентериер



  •  Бојата на рамките е со понуда од 24 бои, поделени во 5 групи:





-бели
-метализирани
-со текстура
-во боја
-поцинкувани


 



 Matix електрогалантеријата нуди основни механизми, модули, слепи маски, ТВ приклучоци, компјутерски и телефонски приклучоци и др.






Прекинувачи во рамка во бела боја, 3 модула класични прекинувачи.



Tuesday, September 15, 2015

Стански табли

Станската табла би требало да биде функционална, лесна за монтажа, убава на изглед, со добар квалитет поради потребата од долготрајност. 

Во наша понуда се стански табли од Технопласт од Србија, и Легранд од Франција. Сметаме дека овие квалитети ги поседуваат станските табли кои ние ги имаме во понуда. 

- Легранд

 














_ Технопласт